
Денес во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани се одржа Државното првенство во борење во слободен стил за јуниори и јуниорки до 20 години. Овој настан беше во организација на Боречката федерација на Македонија.
На првенството настапија осумдесетина натпреварувачи во машка и женска конкуренција, од девет клубови од државата распоредени во десет натпреварувачи категории.
Од екипата на БК Балканец прво место освоија:
92 кг. Фадил Назифов
125 кг. Теодор Георгиев
Второ место освоија:
79 кг. Дарио Димитров
92 кг. Христијан Коцев
97 кг. Давид Трпчевски
125 кг. Илија Нацев
Трето место освоија:
57 кг. Мануел Николов
61 кг. Стефан Стеријов
65 кг. Давид Меновски
70 кг. Алек Георгиев
86 кг. Давид Тонев
97 кг. Ненад Панов
125 кг. Мето Тасев
125 кг. Андреј Велинов
Екипен пласман, прво место Балканец со 42 бода, пред Лирија 34 бода и Бучим со 24 бода.