Пораз на Брегалница на гостувањето против Пелистер во Битола

Пораз на штипскиот фудбалски клуб Брегалница на гостувањето во Битола во денешното 24 коло од ПМФЛ на Македонија. Екипата на Пелистер ја совлада екипата на Брегалница со резултат 2:0. Стрелци за домаќинот беа Љамчевски 23′ и Натрант 90′. Брегалница е на шестата позиција со 36 бода, исто како петто пласираниот тим на Ренова.

На останатите натпревари што се одиграа денес се постигнати следниве резултати:

Борец 0:1 Македонија ЃП

Скопје 0:2 Шкендија

Тиквеш Кавадарци 1:2 Академија Пандев

Ренова 2:1 Работнички