
Пресно и кисело млеко, малку вода и се бие во бутин, на ваков начин повозрасните граѓани од кочанско Оризари подготвуваат матеница. Роткта Јорданова вели од дете знае како да бие млеко, научила од незјината мајка, и ден денеска ја негува старата традиција. Повеќе од шест децении вели на ваков начин подготвува матеница или го вади маслото од млекото.
Идентична е сликата и кај Тодора Горгијева од истото село. Од незјината 15 година од нејзиниот дедо учи да бие млеко и цели 30 години секојденевно на истиот начин подготвувале матеница. Искрено пред камерите на М-Нет телевизија вели дека младите денеска се помалку се интересираат да научат, а и поретко се практикува биењето млеко.

„Ставаме квасено млеко и пресно млеко измеша се и вода додаваме. Потоа маслото се крене над млекото на врвот. Млекото се бие во бутим, ама младите не знаат како се подготвува ниту во што. Јас од 15 години знам да биам млеко, па еве до сега. Сега не биеме, ама 30 години претходно сум подготвувала вака.“ – вели Ѓирѓијева.
И Јорданова и Ѓорѓијева велат дека во минатато од биено млеко се правело и биено сирење кое бил доста вкусно и користено во исхраната. Денеска ситуацијата е многу поразлична, бидејќи нема ниту сточарство како некогаш, ниту пак домашно млеко да се бие, па ваквиот начин останува само традиција.
Лаура Стојанова М-Нет