Не пречено се одвива процесот на вакцинација како во државата така и на пунктовите во Кочани и Штип. Конкретно на вакциналниот пунк во Кочани достапни вакцини за прва и втроа доза се синовак, фајзер и астра зенека, а нема голем интерес за боцкање по трет пат. Причината како што истакнуваат надлежните медицински лица е тоа што граѓаните втора доза примиле кон крајот на јули.
Во Штип денеска се вакцинирани и ревакцинирани вкупно 94 пациенти. Трета доза вакцина примиле тројца граѓани од кои едно медицинско лице и двајца над 60 години. И овде достапни се истите вакцини како и во Кочани, инфомираше координаторката за вакцинација Дијана Коцева Миланова.
Инаку според податоците презентирани од страна на Министерот за здравство Венко Филипче, од општините во Истокот, Берово се е меѓу градовите во кои има вакцинирани над 55% од полнолетното население, а Македонска Каменица под 30%.
Филипче најави во следниот период тестирање на учениците од основните и средни училишта, но со претходна дозвола од нивните родители. Во слуѓаите каде нема да добијат дозвола ќе барааат друга алтернатива. Истовремено, тој потенцираше дека трета доза вакцина може да примаат сите граѓани, односно и оние кои не се над 60 години и немаат хронични заболувања.
Ребека Спасова М-Нет
