БВК Коњаре убедлив против Еуромилк, Маџари пресилен за Раштак, Волково се израдува на голем бод

Денес беше комплетирано 19. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север со шест натпревари.

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ на домашен терен беше убедливо надигран од БВК Коњаре со високи и сигурни 0:3. Пред крајот на првиот дел Кристијан Ристовски го отвори резултатот за водство на гостите од 0:1. Во вториот дел Нермин Бишевац брзо ја дуплираше предноста на 0:2, а до крајот на мечот Ертан Демири ги постави кочените 0:3.

За БВК Коњаре денешните три бодови се повеќе од важни на патот кон баражот за Втора лига, заедно со лидерот Башкими од Куманово.

Илиден на домашен терен триумфираше над Фортуна со 2:1 со двата погодоци на Јованчо Цаневски. За гостите единствен стрелец беше Ваљон Ајети.

Маџари Солидарност на „Борис Трајковски“ со 3:0 триумфираше над Раштак, натпревар кој беше решен во првиот дел, откако Пандовски и Мицевски постигнаа погодоци за 2:0 на полувреме. Во финишот на мечот Миновски ги постави конечните 3:0.

Башкими Љуботен на домашен терен беше минимално (0:1) поразен од Петровец, а стрелец на победничкиот гол кој падна во 35. минута беше Халил Калач.

Волково откина два бода од Беса Влазрими, откако на домашен терен ремизираше играјќи 2:2 благодарение на двата погодоци на Христијан Марковиќ. За гостите стрелци беа Шуајб Бјарами и Амир Бајрами.

Риниа на домашен терен дојде до триумф од 2:1 преку пресврт над ССК Нова. Димовски во 14. минута обезбеди предност за гостите, а во 31. минута Таири израмни на 1:1. Во финишот на мечот Имери постигна гол вреден три бода.

Колку за потсетување, како што вчера објави телевизија М Нет, лидерот Башкими со високи 4:0 го доби градското дерби со Куманово на преполниот Градски стадион, а пак Аеродром и Кадино одиграа меч без погодоци (0:0) и ги поделија бодоови.

Трката за баражот за Втора лига ја продолжуваат лидерот Башкими, кој на своето конто има 49 бодови и второпласираниот БФК Коњаре, кој има три бода помалку односно 46.