
Третолигашот БВК Коњаре продолжува активно да се засилува во пресрет на новите предизвици, а најново име во редовите на клубот е Леонид Стојановски.
Станува збор за брз и технички поткован фудбалер кој настапува по крилните позиции и од кого во клубот очекуваат да донесе нова димензија во офанзивната игра. Стојановски се одликува со изразена брзина, креативност и способност да ја пробие противничката одбрана и да креира зрели шанси за погодок, што треба да биде значаен адут за „сино-белите“ во продолжението од сезоната.
Ова не е единственото засилување за БВК Коњаре во последните денови. Само вчера, клубот го промовираше и Кристијан Ристовски, со што јасно се најавува сериозна амбиција и желба за конкурентен тим.
Со овие потези, раководството на третолигашот испраќа порака дека тимот сака Втора лига.