
Зголемен бројот на пријави во СВР Штип за измами и обид за измама. Најчесо непознати лица се јавуваат на повозрасни граѓани и вршат изама при што се стекнуваат со поголема сума на пари. Со цел спречување на ваквите појави во иднина од СВР Штип упатија апели до граѓаните да бидат внимателни.,
„Во изминатиов период во СВР Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела Измама и Обид за измама, во случаи кога непознати лица од странски телефонски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци и слично имаат повреди и над истите треба да се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда, при што лицата даваат пари од своите заштеди и вршат штета на својот имот. СВР Штип ги известува граѓаните доколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите.“ – стои во соопштението од полицијата.
Последен ваков случај беше регистриран пред само два дена, кога 72 годишна жена била измамена за 2600 евра од лажен лекар, кој и кажал дека парите се потребни за операција на нејзината ќерка.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет