Бајлозов: ОФЛ Валандово е фингирана и виртуелна лига, фудбалер со скршена нога дава гол, судија дава изјава дека не судел!

Во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, поранешниот фудбалер, Сашко Бајлозов, вели дека Општинската фудбалска лига во Валандово е фингирана и виртуелна лига, каде фудбалер со скршена нога дава гол, вели Бајлозов.

„Кога зборуваме дали има општинска лига во Валандово за жал нема, таа е виртуелна, реална, фингирана, фалсификувана до максимум од сегашниот претседател Славе Крстев и неговата компанија, тесниот круг. Таа фудбалска лига има само една цел, прибавување на материјални добра, делегати во собрание, комисии, патни трошкови. Доказ што е непобитен, што мислам дека тоа е еден од најголемите докази полициски службеник кој што работи на издавање на лични карти е пишан дека игра фудбал и дека е стрелец на гол, а тој во тој период има скршеница на ногата, ногата му е во гипс и оди на штаки. Тоа може да го видите, се е поткрепено со докази, Александар Дончев“, вели Бајлозов во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија.

Бајлозов во Трибина вели дека и судија дал изјава дека воопшто не судел натпревар.

„Друг доказ е судијата Славе Станисавовски кој што доброволно сам ми се јави, оти не може да ги трпе тие неправди што се прават, се иземат од судии, Славе Крстев врши силување врз ОФС Валандово и врз спортските работници, судиските работници во Валандово. Силување апсолутно, што сака тоа прави, дечкото сам ми се јави вика јас ќе дадам изјава дека немам судено на ниту еден натпревар, а Славе Станисавовски е во комет системот го пишува делегиран на седум натпревари. Еве може да ја видете и изјавата. Уште еден доказ ќе заборавам, он има во кометот внесено судија, прати што се има случено, на натпреварот ФК Бојмија – ФК Победа Валандово судија е Буровски Илија, а во исто време судијата е и играч“, додава Бајлозов.

Прашања испративме и до Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, но до емитувањето на прилогот во дневникот на М Нет телевизија договори не добивме.

Веќе утре ќе се одржи и изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз во Валандово.

Александар Ванев, М-Нет