
Се асфалтира патниот правец од село Таринци до село Долни Балван. По подолг временски период се реализира еден од најголемите и капитални проекти во Општина Карбинци, вели градоначалникот, Виктор Паунов, кој истакна дека со ова се подобрува движењето на населението. За првпат карбинчани ќе добијат и пешала патека која ќе може да се користи и во вечерните часови оти ќе биде целосно осветлена.
„Започнуваме со дозавршување на проектот на патниот правец Долни Балван Таринци. Се работи за еден од најголемите инфраструктурни проекти што воопшто во историјата на Општина Карбинци е реализиран. Овој петег е од 1600 метри, 1,6 километри. Се работи за проширување на овој патен правец со ширина од шест метри и за првпат изградба на пешачка патека која ќе може да се користи и во вечерните часови.“ – вели Паунов.
Паунов посочи дека ова е еден виде булеварско решение на главната артерија во Општина Карбинци. Улицата целосно треба да биде асфалтирана во текот на наредните неколку денови.
„Ова е еден вид булеварско решение помеѓу овие две населени места и ова е навистина важен проект затоа што ова е една главна артерија и поврзување меѓу регионалниот и магистралниот пат на територија на Општина Карбинци. Конечно дојде до крајот на овој проект и во следните неколку дена ќе биде целосно завршен.“ – додава Паунов.
Реконструкцијата на патниот правец од село Таринци до село Долни Балван започна кон средината на минатата година. Проектот беше аплициран преку Министерството за транспорт и врски со пари од Светска банка. Станува збор за проект вреден 27 милиони денари, со кофинансирање на Општина Карбинци за осветлување и партерно осветлување.
Лаура Стојанова М-Нет