
Поставен првиот асфалтен слој на една од главните улици во село Таринци, Општина Карбинци. Утре се очекува целосно да биде завршена улицата која се наоѓала во лоша состојба долги години. Од некогаш тесната и мала улица, селото добива проширена, нова, асфалтирана улица за потребите на граѓаните. Парите се обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Карбинци.
„Станува збор за улица долга 300 метри, улица која е со површина од 2600 метри квадратни и улица во која изградивме атмосферска канализација и тротоарско решение. Се работи за проект кој е финансиран делумно од Биротото за регионален развој и кофинансирање од Општина Карбинци. Вкупната вредност е осум милиони денари и дојдовме до финиширање и реализација на овој проект.“ – вели Паунов.
Жителите велат ова била една од главните и најоштетени улици во селото, која повеќе од три децении не била реконструирана. Додаваат дека поставување на асфалтен слој било повеќе од потребно.
Покрај оваа улица во периодот кој следи ќе се реконструираат уште три улици во село Радање и Долни Блаван, а ќе се асфалтира и земјен пат кој води до земјоделските ниви, најави Паунов.

„Се работи за три улици кои раната пролет ќе започнеме за првпат да ги градиме. Се работи за две улици во село Радање и една улица во село Долни Балван. Ова е првична најава. Во текот на годината ќе продолжиме и со други улици кои ќе ги реконструираме.“ – додава Паунов.
Паунов најави и припрема за неколку спортски терени, однонсо ќе се реконструира игралиштетото во училишниот двор во селото Долни Балавн и повеќе детски игралишта во повеќе населени места во Општина Карбинци.
Лаура Стојанова М-Нет