Ќе почне ли конечно изградбата на Линија два во Штип, цевките пристинале во градот?

Цевките потребни за изградба на линија два се пристигнати во Штип и се чуваат во магацин. Ова е последната информација која пристигнала до првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов кога е во прашање изградбата на линија два, која ќе го реши проблемот со водоснабдувањето во градот.

Согласно со ова се очекува изградбата на водоводната линија два се очекува да започне наскоро.

„Изградбата на водоводна линија два со средства од ТАВ се очекува да почне наскоро. Според информации кои ги добив од надзорот и од фирмата градежниот материјал, однонсо цевките за цевководот се пристигнати во Штип и се чуваат во магацин. Во моментов овие информации ги имам за водоводна линија два, која треба да го реши проблемот со притисокот на водата за пиење во повисоките зони, но и да се развива новата индустрсика зона Плуждино,“ – вели Јорданов.

Изгрдабата на оваа линија чини 1,2 милиони евра, а средствата се обезбедени преку ТАВ, откако се откажа изградбата на карго аеродромот. Проектот предвидува изградба на цевковод, но и резервоари, а со реализацијата на овој проект се решава проблемот со водоснабдувањето во населбите Пребег, Железничка, Ново Село, а ќе овозможи развој на нови индустриски капацитети.

Инаку, проблемот со честите дефекти на водоводната мрежа во Штип е секојдневен. Постојано екипи на ЈП „Исар“ се на терен и работат со цел граѓаните да не се соочуваат со прекини во водоснабдувањето. Освен решавање на проблемот со водоснабдувањето преку изградба на Линија два, новиот диркетор на ЈП „Исар“ најави и поставуување на помошни вентили за крај на проблемте со вододната мрежа во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет