Астибо со пораз го отвори плеј-офот, ракометарките на Металург Автокоманда убедливи во Штип!

Со натпреварите од првото коло започна плеј-оф сегментот од женската ракометна Суперлига. Во рамки на првото коло екипата на Астибо во Штип пред својата публика претрпе пораз од тимот на Метарлуг Автокоманда, кој однесе висока победа од 21:42.

Тимот на Јулијана Дамчевска имаше одличен натпревар, а победникот беше решен уште во првиот дел. Марија Јанкуловска со девет гола беше најдобар стрелец кај Металург Автокоманда, додека пак Ѓошевска имаше осум, кај тимот на Астибо стандардно најдобра беше Марија Анчева со десет гола.

Во рамки на првото коло во плеј-офот шампионот Ѓорче Петров со 40:27 однесе убедлива победа над Чаир и со тоа „лавиците“ победнички најавуваат одбрана на титулата. Ивана Дежиќ со 17 погодоци беше најпрецизната „лавица“ на теренот, додека кај Чаир најдобра беше Стефанија Ѓорѓиевска со девет гола.

Во рамки на првото коло Вардар и Куманово ги поделија бодовите откако одиграа 25:25. Кај Вардар најдобра беше Дона Тодоровска со девет гола, а кај Куманово тоа беше Нена Нестороска со 11 гола.

Александар Ванев, М-Нет