
Ракометарките на Астибо го загубија натпреварот пред домашната публика од екипата на Спартак со резултат од 26:30 со што скопскиот тим стигна до првото сезонска славје откако го освои Штип во рамки на 15. коло на Суперлигата.
Астибо имаше одлично отварање на натпреварот со постојана разлика и имаше водство кое го чуваше и на полувреме замина со 16:12 односно плус четири. Во вториот дел Спартак започна да ја топи таа предност кога во 41. минута Спартак дојде до водство 19:20. Астибо успеа пак да дојде до предност при 21:20, а потоа гостинот го сврте резулатот и триумфираше со конечни 26:30.
Кај штипски тим стандардно Марија Анчева со осум гола беше прв стрелец, кај гостинот со по седум погодоци се истакнаа Сузана Зечевиќ, Ива Божиноска и Анастасија Николовска.
Чаир без проблеми го декласираше Пелистер во Битола со резултат од 16:34, а пак шампионот Ѓорче Петров со 42:20 го декласираше Куманово.
Натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Вардар не се одигра, ова е втор меч кој не го одигра тимот од Автокоманда, што значи ќе следува исклучување на Металург Автокоманда од натпреврување.
Александар Ванев, М-Нет