
Делегирани судиите за 8. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток. Натпреварите се играат в недела со почеток од 13:00 часот. Дербито на колото се игра во Свети Николе, каде силите ќе ги одмерат ланскиот шампион Овче Поле и струмичка Тиверија, а главен судија ќе биде Спире Арсов од Кочани.
Делегирани судии 8. коло ТМФЛ – Исток:
Брегалница Делчево – Дојранско Езеро, Тоше Џамов (Кочани)
Спартмани – Малеш, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Академија Чешиново-Облешево – Победа Валандово, Иван Јанев (Штип)
Овче Поле – Тиверија, Спире Арсов (Кочани)
Рудар – Вардарски, Кристијан Џонов (Штип)
Карбинци – Осогово, Марјан Гоцевски (Струмица)