Анастасов: Ќе се реши проблемот со јаловиштето во Пробиштип

Решавање на еден од најгорливите проблеми во Пробиштип, ветува кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, за Општина Пробиштип, Драган Анастасов. Вели дека сите се изложени на ризиците од јаловиштето, бидејќи советниците од ВМРО ДПМНЕ гласаа „против“.

„Јаловиштето е горливиот проблем, кој не засега сите. Бидејќи комитетот на ДПМНЕ сега го актуализира, а не се одважи да даде поддршка кога реално им понудивме решение заедно со администрацијата и професори од рударскиот факултет, кои впрочем учествуваа во изработката на проектот, вие драги сограѓани заслужувате да ја знаете вистината. ДПМНЕ Пробиштип имаше можност да гласа ЗА решавање на јаловиштето, но тие одбраа за ситни политички поени да го кочат процесот. На сметка на неколку послушници на ДПМНЕ, кои како награда за послушност кон Тоневски и сега се ставени на советничка листа, сите ние и понатаму сме изложени на ризиците од јаловиштето. Ние нудиме реални решенија, а не празни флоскули. “ – вели Атанасов.