Ресторанот и кафеаната луксуз за граѓаните, цените за една година зголемени за 4,7 проценти

Ресторанот и кафеаната стануваат луксуз за многумина – цените растат, а граѓаните штедат. За само една година, цените во угостителските објекти се зголемиле за 4,7%, што продолжува како тренд. Граѓаните се почесто се жалат на растечките трошоци, кои влијаат на нивниот секојдневен живот. Некои веќе се одлучуваат да ја намалат посетата на кафеани и ресторани, барајќи поевтини опции.


Но, што точно поскапе и каде најмногу „удира“ растот на цените?


Според податоците од Државниот завод за статистика иако ова зголемување изгледа симболично, во контекст на годишниот раст од 4,7%, јасно е дека најголемото зголемување доаѓа од цените на храната и пијалаците, кои постепено растеле во текот на целата година.


Најчесто граѓаните велат дека сè поскапо ги чини едно обично кафе или пијалак во локално кафуле, а вечерните излегувања – особено во ресторани – стануваат луксуз. Храната, која во претходните месеци бележеше повремени поскапувања, останува најчестата причина поради која луѓето ги намалуваат посетите на угостителски објекти.

Иван Митев, М-Нет