
Алпај Јусуф и прволигашот Скопје спогодбено се разделија по 14 кола во Првата македонска фудбалска лига.
24-годишниот играч за врска летото пристигна во Автокоманда, но уште пред да заврши есенската полусезона си заминува од екипата на Скопје и кариерата ја продолжува во нов клуб.
Во својата кариера Јусуф има настапувано за Кадино, Пехчево, Силекс, Локомотива-Бентоекспорт и Милано.