
Со ракавици, вреќи за отпад и многу ентузијазам, денес сите учениците од сите средни и основи училишта во Штип ја покажаа својата еколошка свест. Акцијата наречена ,,Генералка викенд“ беше предизвик за да сите денес ги чистат дворовите и парковите на училиштата и да ја сочуваат чиста животната средина. Учениците испратија силни пораки за важноста на грижата на природата.Од СОУ „Димитар Мирасчиев“ и СОУ Коле Нехтенин порачуваат дека ваквите активности се доказ дека образованието може директно да се поврзе со реалните општествени предизвици. Преку вакви практични искуства, учениците не само што учат, туку и активно придонесуваат за подобрување на заедницата.
„Ова не беше само чистење, туку и вистинска лекција за одговорност и заедништво“, велат наставниците кои ја поддржаа иницијативата.
,,СОУ,, Коле Нехтенин“ Штип се цклучува во големата еколошка акција , Генералка викенд“. Нашите ученици успешно одговорија на задачата на предизвикот за го исчистат својот училиштен двор. Целта е да се потркене свеста кај младите за да ја зачуваат својата животна околина.“, рече Милорадова
,,Ќе ја организираме оваа акција чистење на околината, затоа што еколошката култура е нешто најважно. Учениците ги учиме на еколошка култура и постојано зборуваме на еколошките часови дека, отпадот на улиците е анвреда за очите.“, велат екологистите
Преку вакви практични искуства, учениците не само што учат, туку и активно придонесуваат за подобрување на заедницата.
Иван Митев, М-Нет