Академија Пандев на 11-дневни подготовки во Анталија, Турција

Академија Пандев вчера започна со одигрување на пријателските натпревари во рамки на подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.

Вчера, на СЦ „Горан Пандев“ во Струмица, Академија Пандев и Брегалница одиграа реми без погодоци (0:0) во првиот пријателски меч и за струмичкиот и штипскиот прволигаш.

По оваа средба, Академија Пандев заминува на 11-дневни подготовки во Анталија, Турција. На турско тло ќе бидат одиграни пријателски натпревари против Марица Пловдив (Бугарија), Актобе (Казахстан), Зорја (Украина) и Кизилхар (Казахстан).