Академија Пандев и Брегалница ремизираа без погодоци на првиот пријателски меч

Академија Пандев и Брегалница започнаа со пријателските натпревари во рамки на подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.

Струмичкиот и штипскиот прволигаш одиграа мирољубиво реми без погодоци на СЦ „Горан Пандев“ во Струмица.

Тренерите и на двете екипи им дадоа шанса на сите фудбалери од ростерите, со цел да ја согледат подготвеноста во оваа фаза од подготовките.

Што се однесува до главата фаза од подготовките, Академија Пандев ќе ја одработи во Анталија, Турција, додека пак Брегалница на подготовки оди во Охрид.