
Велешкиот второлигаш Борец денес го договори Агон Хашими за ново засилување во тешката борба за опстанок во Втората македонска фудбалска лига.
29-годишниот Хашими во Велес пристинува од третолигашот Камјани, а во својата кариера тетовчанецот има настапувано и за Гостивар, Велазерими, Зајази, Руфеја како и за прволигашот Ренова.
Борец е единствениот второлигаш кој има десет порази од десет натпревари, односно нема позитивен резултат и со тоа е без бодови на дното од табелата.
Веќе викендот Борец ќе гостува во Скопје кај Локомотива и можеби тој натпревар и ќе биде посериозна шанса за велешани да ги запишат првите бодови и со тоа да започнат да се борат посериозни за опстанок.
Инаку, Борец пред недели направи ремонт и во стручниот штаб. Благоја Петров и Димче Тодоровски беа заменети со Никола Аврамовски, кој е нов тренер, додека пак Туш Зефиќ е негов прв помошник.