
Владата предводена од СДСМ низ отворен и инклузивен процес носи мерки за заштита на стандардот на граѓаните, истакна од ОО на СДСМ Штип. Од друга страна, пак, според нив, Јорданов и локалната власт само носат одлуки на штета на штипјани. Дали по помошта од Владата, ЈП „Исар“ ќе ја намали цената на ѓубрарината, зошто Јорданов го кочеше Законот за отпис на камати на долговите на јавните претпријатија и ќе се извини ли Јорданов конечно на штипјани, се дел од прашањата кои ги поставија на денешната прес – конференција.
„Дали со помош на овие мерки, ЈП „Исар“ реципрочно ќе им помогне на граѓаните и ќе ја намали цената на услугите? Дали би ја намалиле цената за ѓубрарина која ја покачија за 110%? Јорданов во време кога беше пратеник, во Собранието го кочеше Законот за отпис на камати на долговите на јавните претпријатија, со што сега кредитот на ЈП „Исар“ ќе беше исплатен во целост. Јорданов откако е градоначалник на Штип, само наоѓа изговори и ништо не презема за да го заштити стандардот на штипјани, напротив ги зголемува цените на услугите и ги задолжува идните генерации со милионски суми. Јорданов е должен да се извини на штипјани и конечно да почне да работи во нивен интерес, зашто на градоначалничката фотелја е поставен токму од граѓаните“, истакнаа од СДСМ Штип.
Обвинувањата и информациите коишто ги пласира ОО на СДСМ Штип, градоначалникот Јорданов ќе оцени како целосно манипулативни и вистините. Според него, одлуката којашто е донесена од страна на Владата значи само планирање на трошоците, а не и нивно намалување.
„Тоа што се пласира во јавноста е апсолутна невистина, затоа што трошоците коишто ќе ги имаме во следниот месец со тоа што ќе бидеме на регулиран пазар, односно ЈП „Исар“ ќе биде на регулиран пазар, ќе значат предвидување на трошоците, затоа што во изминатиов период работевме со непланирани трошоци. Цената на електричната енергија не е планирано до кој степен ќе се покачи
Јорданов потсети дека живееме во енергетска и финансиска криза која преку зголемени трошоци се рефлектира во сите институции. Дополнително овде е и кредитот којшто го отплаќаат, а којшто, како што вели Јорданов, никој досега не го сервисирал.
Ребека Спасова М-Нет