Манастирска манџа, голем број верници и богата програма во црквата Света Троица во населба Баби

Со вкусен ручек, молитва, верниците денеска запалија свеќа во црквата Света Троица во населба Бабо во Штип. Си посакаа здравје, мир и бериќет, оставија дар во црквата, додавајќи дека станува збор за голем празник кој се празнува на 50. ден по големиот христијански празник Велигден.

„Овај ден е голем празник педесетницата од Велигден до сега и тоа означува многу за христијаните, оти ние сме христијани нормално тоа ни е верата на нас. Кој си донесе дарче оставе свеќичка да се запале, да се помолеме да се поклонеме пред иконите како што треба. Оро и песна да биде весело значи тие денови се весели. За Велигден кога е тие пред распен петок тогај мислам тоа е тажен ден. Се најубаво да ни даде Господ на сите здравје, среќа се нјаубаво мир, слобода да има.“ – велат граѓаните.

Овој празник се слави три ден. За денеска во црквата во населбата Баби има органзиирано богата програма и се очекува огромна посетеноста од страна на верниците од целиот регион.

„Ние го славеме три дена овој празник како господов празник доаѓаат многу луѓе сега кога како. Наутро доаѓаат некогаш многу попладнето кога си доаѓаат од работа од други градови доаѓаат

Манастирска манџа – гравче со јунешко месо се подготвува за верниците кои ја посетуваат црквата. Народ има од државата и странство, а сите доаѓаат пред се за здравје, потоа и за дружба.

„За нас претставува среќа, здравје, мир и се најдобро. Се плетат венци се собира народот од цела Македонија па и од страна од другите градови и држави доаѓаат.“

“Секогаш Св. Троица се паѓа во мрсно, таа е во недела, понеделник и вторник и затоа се е мрсна слава. Имаме многу гости не знам дали сме задоволни ние сме задоволни од нив и многу убаво ни е, музика ќе имаме“

„Денес се подготвуваше гравче со јунешко месо , 18 лонци гравче со јунешкото месо некаде од 1 јуне целото го употребивме. Посебно го подготвуваме јунешкото месо посебно гравчето, после тоа заедно го поврзуваме“

Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.

Лаура Стојанова, М-Нет