Џез виртуозот, професор Гоце Мицанов, денес втор на топ листата на Американското Џез радио

Го нарекуваат Моцарт во штипската џез фела, човекот кој во целост му се покори на сопствениот вроден талент, самосебе препознавајки се уште од најраните детски години како иден џезер. ЃОРГИ Мицанов засебе вели дека  при спознавањето на сопствените вештини неговиот внатрешниот порив го насочувал единствено кон саксофонот и звуците на музиката што занего живот значат. Кога тоа на вакви ретки таленти им станува јасно дека животниот пат им е веже преододреден и препознаен? Педесет  години кариера, четврт век поминат во казино, интензивниот нокен живот му го црпел секој атом на обично  битисување. Животниот стил на Мицанов ниту еден миг не бил просечен, неговите инспирации за композиции прелеани во досега три комплетни албуми секогаш доаѓале  во многу различни моменти и катчиња од светските дестинации каде престојувал или пропатувал. Неговите хитови деновите високо котираат на светските џез листи, во моментов  последните композиции од третиот албум на Гоце Мицанов на топ листа во САД. Ете така функционира Мицанов уште еден голем штипски талент роден и создаден во вака мал географски простор, за дел од најсветлите моменти во неговата кариера му должи на Кол Трен, Чарли Паркер саксафонистот Голсон   Луис Амстронг и секако современикот Реј Чарлс. Големото име  во џез современата музика во еден ериод настапувал со   светскиот а сепак наш Гоце Мицанов. За виртуозот Гоце Мицанов, и неговата пресудна  улога за популаризирањето на џезот како еден од основоположницитеза неговата музика ќе говори и иднината и наследените гени на неговата многуталентирана керка Андријана Мицанва која живее и твори во далечната Австралија. Наследниците на Мицанов на светско ниво се регрутираат уште во осмата година од нивниот живот во сите позначајни светски центри на музиката. Во моментов Норвешка е земјата каде се диктира  ритамот на џезот во 21 век и таму знаат за нашиот Мицан човекот  кој продолжува да живее за џезот.

Маре Стојилова М-Нет
Дарко Лазев М-Нет