Јапонскиот народ на малите штипјанчиња им подари поквалитетен простор за игра

Денеска во објектот „Цветови“ од главната градинка „Астибо“во Штип се одржа уште една во низата средби, насочена кон реновирање и уредување на градинките во Источно – планскиот регион. Станува збор за помош која е донирана од страна на Јапонската амбасада, проект кој чини 55 илјади евра. Поконкретно, замена на прозорите и вратите беа главна цел која полека се исполнува, а денешнава средба беше за финализирањето.
Голема благодараност и задоволство упати и заменикот шеф од Јапонија господинот Такахаши, кој на денешнава средба изјави дека проектот е од големо значење како за Штип, така и за Јапонската Амбасада.
Подобрувањето на околината и средината, значи чекор напред за развојот и напредокот на најмалите и најмилите – децата. На средбата свое резиме даде и директорката на градинката Билјана Трајчевска.
Кога станува збор за децата, губи секакво значење зборувањето за нивните потреби и желби. Децата залужуваат и најчесто добиваат се за да можат да пораснат во здрава и зрела личност. В.д. градоначалникот на општина Штип, Јане Миланов, за таа цел објави дека се издвоени дополнителни 25 милиони евра за нови шкавчиња, масички, завеси во објектот „Цветови“, за разубавување и урбанизација на околината и средината на градинката. На Штип му се познати уште ододдамна проектите кој се изродија од плодната соработка помеѓу жителите на овој град и Јапонската Амбасада. Во тој контекст и големите проекти иницирани и квалитетно реализирани од страна на почесниот граѓанин на општина Штип, Коста Балабанов.

Лаура Стојанова М-Нет
Дарко Лазев М-Нет