
Апаратите за најтешко болните вредни тешки два милиони евра, веќе 10 години стоат неупотребени. Акцелераторите кои се набавени за штипската болница, битолската и Градската општа болница 8- септември со години чекаат да се стават во функција на пациентите. Апаратот во Штип е набавен во 2013 година и од тогаш па до денес се уште е спакуван и нема никави сознанија дали тој воопшто е функционален.
„Добив и за тоа информација нормално неформална ќе треба да се направи нешто со апаратот купен е пред десет години а воопшто некористен а веќе амортизиран. И такви не е само еден пример, има повеќе примери“ вели Таравари
Тараври некористењето на апаратите го препишува на недоволната одговорност , досега веќе три пати беа промовирани акцелераторите во Штип и во Градската општа болница 8-Септември. Министерот за здравство Арбен Таравари посочи дека треба да се изнајде решение за овој проблем бидејќи апаратите се веќе амортизирани.
„ И на 8- Септември колку што знам воопшто не е користен три пати се отидени и промовирани акцелераторите во Штип и во 8 -Септември, секако ми треба дополнителна информација и треба да се преземаат одредени мерки кога апаратот не може да се користи мислам дека ние сме доста неодговорни, купуваме апарат од два милиони евра никогаш не го користиме и веќе е амортизиран треба плус да се плати за да се фрли некаде.“ посочи Таравари
Инвестицијата за акцелераторите и бункерите од над осум милиони евра ќе чека нови ветувања и најави а дотогаш како и изминатите десет години најголеми гужви и контроли ќе има на Онкологија каде одат сите малигно болни од државата.
Лаура Стојанова, М-Нет