Ќе се прска против комарци в петок во Општина Штип


Во петок ќе се спроведе дезинсекција против комарци во Општина Штип. Терестичката дезинсекција ќе се спроведе во периодот од 1 до 7 часот, а ќе бидат опфатени зелените површини, подрачјето на течението на реките Брегалница и Отиња, застојните води, каналскиот систем, урбаните насеби и други локации каде што постојат услови за развој на комарци . Како што соопштуваат од општината, доколку временските услови се неповолни, како дожд или ветер, активноста ќе биде одложена за првиот нареден поволен ден. Воедно, од општината ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Иван Митев, М-Нет