Ќе се почитува ли втората неработна недела?

Недела – неработен ден, Закон кој ги подели мислењата на граѓаните и надлежните. Бизнис заедницата смета дека ќе има негативно влијание врз сите сектори, а од ССМ велат дека реакциите се оти треба да им се даде повеќе пари на работниците. Сепак, на првата неработна недела Државниот трудов инспекторат беше со полни раце работа. 36 извршени контроли и утврдени 9 неправилности. Непријавен број на вработени кои ќе работата во недела беше најчестата причина, но присутна беше дилемата дали Законот почна да важи од 2 јануари или не. Сепак, за прекршоците кои претежно беа утврдени кај угостителите, имаше само опомена.

„Доколку не испочитуваат решение со опомена, даваме решение со наредба и на контролниот надзор, ако не испочитува, тогаш одиме со прекршочни санкции. Во делот на работа во недела, доколку работодавачот не е во оние 42 исклучоци во дејноста, тогаш тука нема опомена, туку директно одиме со инспекциска мерка, затворање на објектот и плус прекршочна глоба во висина од 400 до 1000 евра, во денарска противвредност.“ – истакнаа од ДИТ.

Во пресрет на втората неработна недела, но и по верските и државни празници, дилема околу Законот повторно има. Согласно со Законот за работа во државни празници и други празници кои се определени како неработни денови, работодавачите на работниците се должни да им исплатат додаток од плата за работа на празник во висина од најмалку 100% за секој час поминат на работа. 50% – 100% поголема плата треба да се плаќа и за работење во недела. Сепак, Законот ги подели мислењата и на граѓаните.

Колку од работодавачите Законот ќе го испочитуваат на втората неработна недела останува да се види утре.

Ребека Спасова М-Нет