
Во март следната година ќе се покачува минималната плата, а за тоа колку ќе изнесува истата ќе се знае во текот на јануари 2025. Министерот за економија Бесар Дурмиши во денешната изјава истака дека поради недостаток на работна сила се предвидени шест милиони евра повешќе средства на идниот буџет. Додава дека се работи на решавање на ваквиот проблем.
“Идната година во март рамки на социјалниот совет е предвидено да се покачува минималната плата, а токму тоа што го кажав преска е поради недостаток на квалификувана работна сила, затоа предвидовме шест милиони евра повеќе средства на идниот буџет. Според законот на кој сега е во сила, закон кој е утрвден во согласност со синдикатите. Во март се прават пресметките и според законот ќе се направи пресметка и ќе се види колку ќе изнесува минималната плата. Средства се предвидени за буџетот да се покачи минмалната плата, но колку ќе изнесува ќе видиме во текот на јануари и февруари.“, истакна Дурмиши
Првите денови на декември ќе се разгледува на кој датум ќе биде точно закажана седницата, на која ќе се разговара за минамалната плата, додава Дурмиши
Минималната плата е предвидено да се иде на 450 евра за да се подобри животниот стандард на граѓаните, и да се изедначат платите со регионалните минимални приходи кои растат и да се спречи одливот на работна сила во западна Европа.
Лаура Стојанова, М-Нет