Поставување блокатори и полициска контрола се врши на улиците позади ООУ“Ванчо Прќе”

Поставување на блоктори за сите оние кои ќе се паркират несоодветно на улици во центарот на Штип, започна да се извршува од вчера. Поради непочитување на сообраќајниот ред во изминатиот период, на неколку локации во градот веќе се поставени и полициски контроли со цел да се спречи некултурата кај нарушувачите. Со ваквите контроли и поставувањето на блокатори, граѓаните на овие улици нема да имаат повеќе проблем, со што ќе можат соодветно да поминуваат. Она што е предвидено за во следниот период од страна на ЈП Стипион е поствување на нови тротоарски површини, како и поставување на заштитни столбчуња за да не се појавуваат ваквите ситуации.

Лаура Стојанова, М-Нет