Ќе пораснат ли нови згради на местото на „печурките“ во штипска Автокоманда?

Дали на местото на досегашните печурки во штипска Автокоманда ќе пораснат нови згради. Ова беше една од главните дилеми на денешната седница на Советот на Општина Штип. Дали граѓаните од ова населено место се согласни овде да никат нови објекти и дали ќе се задволат потребите на граѓаните, прааш од советничката група на СДСМ и коалиицјата.

„Дали значи прекројување само во делот на сразмерите поради постоечката една парцела да остане една парцела или имаме прекројување од една поголема парцела да се направат повеќе помали парцели. Дали граѓаните се согласни дека овде треба да израснат згради наместо печурки и дали е пронајдено решение“ – праша Рогожарска Поповска.

Од општината велат дека просоторот ќе биде поделен на два дела. Едниот останува ист, на другиот ќе се изградат објекти кои ќе може да го корситат граѓаните кои сега се наоѓаат во печурките.

„Таа парцела ќе биде поделена на два дела едниот крак ќе остане така како што е согласно ДУП додека во другиот дел се планирани објекти кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните, ќе се создадат нови објекти ќе има партерно уредување“ – кажа Шорова Ангелова.

Проблемот со печурките во штипска Автокоманда се актуелизираше минатата година кога на сопствениците им пристигаа опомени за отстранување на објектите од јавна површина. Тогаш преку протест и средба со градоначалникот тие бараа решение.