Ќе има прекини со водоснабдуавњето во Штип поради имплементирање на SCADA системот од страна на ЈП-Исар

Вечерва се можни прекини на водоснабдувањето во одредени територии од Штип како резултат на работење на SCADA системот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов најави дека општина Штип започна со имплементација на SCADA системот на водоводната мрежа, инвестиција вредна 36 милиони денари. Како што истакна Јорданов, со воведувањето на системот се очекува намалување на загубите и подобрување на финансиското работење на ЈП „Исар“.

„Сакам да ја споделам информација со јавноста дека веќе се започнати активности со SCADA системот на водоводната мрежа. Инвестиција на општина Штип вредна 36 милиони денари. Долгогодишно чекан проект, проект кој треба да реши долгогодишен проект, проблем кој го имаме какоо јавно претријатие, проблем кој го имаме и како општина, затоа што секогаш во минатото сме сме комуницирале дека загубите на вода на ЈП-Исар се повеќе од 60%, што навистина е загуба која со инсталирањето на овој систем веруваме дека ќе се намали, а со тоа ќе се подобри финансиското работење на ЈП-Исар. Целта по завршувањето на оваа инвестиција е истиот систем да биде ставен во употреба во јавното претпријатие Исар, всушност ќе служи за далечинскоо читање на податоците од водоводната мрежа, една надзорна контрола на водоводната мрежа на повеќе точки. Во текот на изведба, на имплементација на овој систем во одредени периоди ќе мора ЈП да направи прекин на водоснабдувањето, со оглед на тоа што се инсталираат овој систем на одредени точки на градот, сакаме да ја информираме јавноста дека и вечерва ќе се работи на самиот проект.“- Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип

Поради инсталацијата, во одредени периоди ќе има прекин на водоснабдувањето, а работите продолжуваат и вечерва.

Александар Арсовски, директор на ЈП „Исар“, изјави дека пред година и половина бил утврден сериозен проблем со загуби на вода од 58 до 63 проценти, па со зафаќање на макотрпна и темелна работа се работи на санирање на проблемот со инвестиција во SCADA систем.

„Пред точно година и половина се соочив со фрапантен факт дека ЈП наназад десетици години се соочува со загуби на вода кој изнесуваат меѓу 58 и 63%. Се зафативме со макотрпна и темелна работа и со подршка на општина Штип и на градоначалникот успеавме за година ипол да подготвиме основен проект, да ги подготвиме сите технички документации, одобренија за градба, изнајдовме финсансии за да ги исфинансираме овој проект, а сега на мое големо задоволство можам да кажам дека SCADA системот кој што служи за контрола е со некаде околу 50% на реализација.“- Александар Арсовски, директор на ЈП Исар

Надлежните очекуваат со целосната имплементација на системот значително да се намалат загубите на вода и да се зголеми ефикасноста во управувањето со водоводната мрежа. Од општината апелираат до граѓаните за разбирање во периодот на изведба, со цел долгорочно и стабилно водоснабдување во градот.

Дајана Сандева, М-Нет