
Правењето зимница оваа есен ќе биде луксуз – велат анкетираните граѓани на терен во Штип. Ако претходно се работеле по 40 килограми пипер за ајвар, денеска тоа е мисловна именка која не може да се дозволи. Со ниските примања, високата инфлација и зголемените цени на основните производи тешко се сврзува крај со крај, а пари за зимница не останиваат – додаваат граѓаните. Токму затоа оваа есен мирисот на ајвар ќе биде реткост која ќе се почувствува.
„Претходно правевме по 40 килограми ајварска пиперка, а сега ќе биде мисловна именка. Иако мислам дека статистиката е научна дисциплина и мислам дека треба да се почитуваат тие показатели. Сметам дека инфлацијата е многу голема и цените растат многу повеќе отколку што реално се преставуваат.“ – велат граѓаните.
Во однос на споредбата дали е поисплатливо да да се прави ајвар дома или да се купи веќе готов, граѓаните велат дека домашниот е далку подобар и поисплатив ама сега помалку ќе се прави, а ќе се конусмира храна која е поевтина. И не само ајвар песимисти се дека воопшто есента ќе може да се направи некаква зимница. Дополнително пари треба да се штедат и за дрва, па велат ако се реши проблемот со покачувањето на пензиите и добијат линеарно покачување ќе може да покријат барем дел од зимницата.
Лаура Стојанова М-Нет