
Очигледен е фактот дека пандемијата со Ковид – 19, која започна пред околу 9 месеци не одмина ниту еден сектор. Почнувајќи од кафичите и угостителските објекти, туристички агенции, па до такси превозниците им го скарти лебот на сите. Но, загрижувачко е што државата за некој беше мајка а за други маќеа, се пожалија од такси компаниите и туристичките агенции. Истите очекуваат предлог на Владата, со кој според условите ќе можат да добијат барем некаква помош. Бидејќи, согласно мерката на Владата во такси возилата да се превезуваат по двајца патници, а максимумот на патници да се ограничи на 50 проценти во автобусите, доведе до намалување и на прфитот, дури и до затварање на одредени компании и отпуштање на работници. Секој си бара нова работа, се разбира до степен до кој дозволува ситуацијата во која се наоѓаме. Незадоволство се гледа и кај патниците, бидејќи наместо со едно такси да се превезуваат 4 лица може само двајца. Туристичките агенции пак, како што ни кажа Русе, се здобиле со ненадминлива штета од 100%, бидејќи неисплатливо е да се организираат тури надвор од државата со намален број на патници. Конкретно, и од такси компаниите на Локано ниво, и од стана на здружението на туристичките агенции, се поднесени повеќе барања до државата, се цел да им се помогне во овие тешки времиња. Неизвесно е што ќе им се понуди и кој ќе бидат условите, едноставно само надежта останува за спас од кризата.
Лаура Стојанова М-Нет