Две физички и едно правно лице од Виница незаконски продавале брзи тестови за Ковид – 19

Во време кога секој се бори за егзинстенција како и начин да се победи една битка како што е Ковид 19, има и такви кои профитираат од истото. Така и Виничани со голема храброст продавале лажни брзи тестови за Ковид 19, земајќи им пари на своите сограѓани за истите. Станува збор за две физички и едно правно лице од Виница, кои продавале незаконски, несоодветни, брзи тестови за Ковид-19. Со судска наредба извршени се претреси во дом и други простории, кои ги користеле истите, и кај едно од нив е пронајдени се седум кеси со натпис Ковид чек, и едно шишенце со натпис буфер,- беше дел од изјавата на Панајотова. За осомничените лица ќе бидат поднесени соодвети пријави до Јавното обвинителство. Секторот за внатрешни работи во координацја со други институции продолжува со откривање на лица кои вршат продажба, тестираат или вршат други активности кои се незаконски.

Лаура Стојанова М-Нет