Њу Старс го доби Студеничани и стана третолигаш

фото: М Нет-ТВ

Њу Старс е последниот патник во Трета лига – Север откако славеше над Студеничани со 2:1.

Ова беше бараж меч на поразените екипи од првото соочување. Њу Старс на првиот меч кој го следевте на М Нет загуби од Ржаничино со 2:1, а пак Студеничани загуби на пенали од Пчиња на пенали со 4:2, по регуларните 1:1.

Денес одново на М Нет го следевте соочувањето каде Њу Старс преку Борјан Томовски дојде до 0:1 на полувреме.

Во вториот дел веднаш Фати Јусуфи погоди за 1:1, а Александар Грашески ги постави конечните 1:2.

Иако статистички Студеничани беше подобар, сепак Њу Старс триумфираше.

Пчиња, Ржаничино и Њу Старс се нови членови на Трета лига – Север.

Александар Ванев, М-Нет