Јорданчо Костадинов кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Чешиново – Облешево, Митко Костадиновски за Виница

Јорданчо Костадинов е кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Општина Чешиново Облешево, а Митко Костадиновски ќе се бори за градоначалничка фотелја во Виница. Вчеравчер на извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ, беа презентирани нови 16 имиња на кандидати за градоначалници.

Јорданочо Костадинов моментално е на функција директор на ООУ „Климент Охридски“ во село Облешево, а на својот фејсбук профил напиша дека целосно мотивиран ја профаќа одговорноста за кандидат за градоначалник.

„ Оваа кандидатура не е само политичка одлука, туку од денес, тоа е моја лична обврска и предизвик, и планирам заедно со вас да ја реализирам. Ова нема да биде само моја лична битка, тука ова е наша заедничка мисија во која ќе понудиме: нови проекти, достоинство, култура, и со силна енергија ќе работиме за подобри услови за живот. Мојата визија е јасна: Општина Чешиново- Облешево да стане модерна, инфраструктурно уредена и просперитетна општина, со поддршка за земјоделците, со нови перспективи за младите и за поголема грижа за пензионерите.“ напиша Костадинов на фејсбук.

Од Општините во Истокот непознати остануваа само имињата на кандидати за градоначалници во Општина Кочани и Општина Македонска Каменица.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет