
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, како и градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, ќе бидат кандидати за градоначалници и на наредните локални избори. Вчеравечер Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕодржа седница, на која беа истакнати имињата на 25 кандидати за градоначалници.
Ова преставува чест, но и голема одговорност за градоначалникот на Штип. Вели дека клучниот испит е на денот на изборите, но ако ја добие поддршката од граѓаните продолжуваат со посветена работа и реализација пред се на капиталните проекти за Штип.
„Секако клучниот испит е денот на изборите и она кое што граѓаните го мислат. Досега заедно со граѓаните сработивме многу проекти така ќе продолжиме и до денот на изборите. Очекувам денот на изборите да го одлучат развојот на градот во наредните четири години кој ќе биде градоначалник. Доколку граѓаните сметаат дека досега работевме чесно и посветено тоа ќе биде за мене чест, одговорност, предизвик, мотивација да продолжам и во наредните четири години да се трудам со посветеност и енергија да го развиваме секој дел од нашиот град.“ – вели Јорданов.
Одговорна и посветена работа ветува и градоначалникот на Општина Карбинци. Вели дека во изминатите три ипол години се покажале реализирани проекти кои претходно биле ветени, а тоа ќе продолжи и во иднина доколку добие втор мандат како градоначалник на Карбинци.
„За нас говорат делата, она што ќе следи во наредниот период ќе биде преставување на се она што сме го реализирале во овие четири годинии се што ќе следи понатаму. Ние работиме со прецизни проекти, а понатаму ги покажуваме преку дела.“ – вели Паунов.
Во Истокот, од ВМРО ДПМНЕ, кандидати за градоначалнивци на престојните локални избори ќе бидат Дејан Валдев за Свети Николе, Иван Гоцевски за Делчево и Петар Ружински за Берово.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет