Како ќе изгледа Втората лига следната сезона 2025/2026?

Следната сезона 2025/2026 во Втора лига ќе биде последна со 16 екипи, бидејќи лигата ќе се скрати на 14 екипи од сезона 2026/2027.

По одржувањето на ждрепката беа пополнети и последните места во второлигашкото друштво за следната сезона со што се познати сите екипи кои ќе се натпреваруваат во сезона 2025/2026.

Во следната сезона ќе се натпреваруваат Брегалница, Детонит Плачковица, Охрид, Каменица Саса, Беласица, Скопје, Кожуф, Новаци, Победа, Вардар Неготино, Осогово кој преку ждрепката имаше среќа и остана во лигата, Големо Коњари кој преку ждрепката обезбеди учество во Втората лига, потоа екипите на Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс кои триумфираа во баражите и обезбедија место во Втора лига за следната сезона како и екипата на Беса која испадна од Првата лига.

Дополнително ќе биде познато колку екипи директно ќе ја напуштат лигата со оглед на тоа дека од сезона 2026/2027 ќе има кратење на лигата, па тоа ќе значи дека повеќе екипи ќе ја напуштат лигата.

Александар Ванев, М-Нет