
Поради квалификациски репрезентативни обврски на нашата селекција, во овој викенд ќе нема првенствен Футсал. Имено селекцијата на Македонија веќе денес во Скопје ќе се сретне со селекцијата на БиХ а на 14 април во Темишвар Македонија ќе игра со Романија. За овие два воедно последни квалификациски натпревари селекторот Васко Скендеровски веќе се реши за имињата на играчите кои ќе настапат на овие мечеви. Поради повреди или суспензии дури седумина првотимци ќе отсуствуваат на овие натпревари а радува податокот што еден играч на тимот на Астибо од Штип и тоа Јовица Марковски е повикан и ќе биде дел од репрезентативниот камп на македонската селекција. Што се однесува до првенствениот дел тој ќе продолжи следниот викенд во кој во Штип Астибо ќе се сретне со Кратово а Мал Ајакс ќе гостува на Железарец во Скопје.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk