
Состојбата во Клиничка болница Штип алармантна сеуште. Бројот на новозааразени од Ковид 19 расте, слободно место во модуларната болница нема, а зголемена е и потребата од медицински кадар. Четвртина од лекарите како и болничкиот капацитет се наменети за справување со пандемијата. Директорот на Клиничка болница Штип, д-р. Ален Георгијев, по изјавата дека нема лекари од приватниот сектор кои помагаат во Клиничката болница Штип, во справување со ковид пандемијата, денеска ја образложи неговата изјава.
„Прашањето беше дали приватни лекари има ангажирано во КБ Штип, што во тој момент изјавивме дека нема, но мора да ги расчистиме работите. Ние имаме ангажирано специјализанти кои што беа наши ги вратија назад , но имаме и неколку специјализанти кои што се или на привнатна специјализација или специјализанти на Здравен дом „Панче Караѓозов“, а имавме специјализанти и од Демир Капија“ – истакна Георгијев.
Директорот на штипската Клиничка болница, Георгијев ја искористи можноста да се извини доколку погрешно било протолкувано неговото излагање.
Во моментот Клиничка болница Штип, со сопствени сили ги менаџираат проблемите. Но, наливот на пациенти е постојан и зголемен па според Георгијев доколку има потреба ќе се баарат лекари но дали приватни или од другите здравствени установи зависи од нивниот ангажман. Инаку, во Клиничка болница Штип, според последниот извештај има хоспитализирано вкупно 94 ковид пациенти, 47 на Инфективно одделение, и 47 во модуларната болница. Зголемена е и потребата од кислород но на кој начин штипската клиничка болница се справува со овој и со други проблеми погледнете во новото издание на емисијата „Интерактив“ во 17 часот на каналот на М-Нет.
Лаура Стојанова М-Нет