
Искршени чешми, ишарани ѕидови, уништен инвентар, ваква е сликата во јавните тоалети во Штип нешто повеќе од месец дена откако беа пуштени во функција. И покрај тоа што истите се оддржувани од страна на ЈП Исар, сепак и надлежните се соочуваат со секојдневен вандализам од страна на несовесни граѓани. На пример, во монатжните поставени јавни тоалети веќе во неколку наврти се искршени чешмите, во централното градско подрачје ишарани се ѕидовите. Директорот на ЈП Исар Трајче Здравков вели се реагира, но за тоа се потребни нови финансиски средства, кои се трошат заради несовесноста на одредени граѓани.
„Иако ЈП Исар ги оддржува чисти јавните тоалети за да можат граѓаните да ги користат веќе неколку пати се цел на вандалски чин, односно се крадат чешми, се шараат толалетите, се крадат светилки, а се тоа е во последните две три недели. Сакам да упатам еден апел до граѓаните да ги чуваме овие општи добра кои се направени за граѓаните, бидејќи тие се за самите нас односно за да се олесни работата на ЈП Исар, да не мора потоа да ги санира и да троши дополнителни средства за санација. Ние ќе ги вартиме повторно во првобитна состојба, но тоа чини пари“ – кажа Здравков.
Јавните тоалети се одржуваат од страна на вработени во ЈП Исар, а за нивно користење не се наплаќа. Здравков истакна дека засега не се планира да се постави служба која ќе воведува ред, а граѓаните да бидат посовесни.
„Ние имаме ангажирано човек кој ги оддржува тоалетите, чуварска служба не сме размислувале до сега, но мислам дека нема потреба доколку самите ние граѓани ги чуваме истите тоалети.“ – додаде Здравков.
Јавните тоалети во Штип беа пуштени во функција на 28 април оваа година, на неколку локации во градот. Средставата беа обезбедени од Буџетот на општината.
Лаура Стојанова М-Нет