
Жителите од Карбиници и вчера излегоа на мирен протест во знак на поддршка на тројцата приведени, кај кои полицијата пред два дена пронајде марихуана. Неправедно се во притвор велат жителите од Карбиници, додавајќи дека диви растенија има низ целото село.
„Купено е детелина да се насаде, трава никнало и се косе тревата за детелината да порасне, тоа да се исуше и исфрле. Ние ако тоа го продваме ќе бидеме Американци во Карбинци“
„Со сумите кои ги кажуваат, со количината која ќе се произведе таа дрога, колку милиони, па ние тука нема да се занимаваме со земјоделие, ние ќе станеме Мексико, ќе продаваме дрога, ние ќе се бавеме со производство и дистирбуција на дрога“
Тие апелираат до наделжените институции да излезат на терен и уште еднаш да се преиспита целата ситуација, бидејќи според нив никој не би се занимавал со сточарство ако произведува и продава дрога.
„Најпрво треба министерот да се доведе овде, да појде од вливот на реката до горе по полето која нива нема нека каже. Да се формира комисија и на лице место , нека установат дрога е веднаш нека ги затворат. Дечкото не знае главата каде му е, нема крави да чува„
„Ние од еден декар пченка вадиме од два до три тони, а пченката е со многу поголема висина и дебелина на стебло. А, овде имаме на 1300 метри квадратни осум тони сирова марихуана, која е логиката“
Жителите од Карбинци најавуваат радикализација на протестите со блокада на патот кон Кочани, кај село Долни Балаван, со цел вистината да излезе на виделина и да се докаже дека станува збор за див канабис кој сам расте низ целото цело.
Лаура Стојанова М-Нет