Што се случува во Вардар? Забранет влез на официјалните лица на маркетинг тимот!?

ФОТО: ФК Вардар

Вардар денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во која ќе води борба за опстанок, но и во Новата година продолжуваат старите проблеми.

Што точно се случува во Вардар? Преку соопштение на фејсбук страната на ФК Вардар беше информирано дека им бил забранет влез на официјалните лица на маркетинг тимот на клубот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, како што се наведува во самото соопштение.

„Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, беше денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу „здружението 35 години Вардарци“ и сопственикот Атила Бижен Жалили. Поради тоа, во моментот се случува блокада на тренинг кампот, а целта на собраните е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски“, се вели во сооптението.

Соопштение излезе и на официјална фејсбук страна на навивачката група Комити Скопје.

„Сите во Хиподром – веднаш! Во знак на револт и протест, ги повикуваме веднаш сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром. Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата! Нашиот одговор е јасен: Нема да биде дозволен влез/излез додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението „35 години Вардарци“ и Атила Бижен Жалили“, се вели во соопштението на Комити.

Вардар презимува во долниот дел од табелата и целта е опстанок во елитата.

Александар Ванев, М-Нет