Штипјанката Тања Џонова преку изработка на икони го враќа доброто кај луѓето

Само со верба во Бога и почит кон него и неговите дела може да се изработи икона, вели Тања Џонова, која веќе подолг временски период се занимава со изработка на икони. Преку ваквите производи, вели, им помага на луѓето да го вратат доброто во себе и почитта и љубовта кон Бога.

„Потребно е да имате волја према Бога, да го почитувате и да верувате во него. Тој ни е на нас сѐ. Значи ние Македонците и општо сите луѓе треба да се научиме преку вербата во Бога да ја почитуваме љубовта на луѓето, да ја подруваме и да си помагаме еден со друг. Ова е производ што јас со своја волја и надеж дека преку ова јас ќе им помогнам на сите луѓе кои го имаат заборавено доброто“ – вели Џонова.

Во зависност од материјалот кој го користи за изработка на иконите, зависи колку време ќе и биде потребно. Вели 24 часа се доволни, а изработка на добра икона, а пристапни се и цените кои се движат од 50 до 1000 денари.

„Некаде од 1993 година кога почина татко ми, најдовме еден извор во село Панчареево и продолжив да работам, како наследство. За овие кои јас ги работам се потребни 24 часа, зависно од материјалот. Цената е од 50 денари, највисока цена е иконата од илјада денари.“ – додава Џонова.

За Џонова изработката на икони е хоби, а не начин за егзистенција. Вели дека на ваков начин се обидува да им помогне на луѓето да ја вратат вербата во Бога.

Лаура Стојанова М-Нет