
Репрезентативната пауза Брегалница ја искористи да одигра пријателски натпревар против Беласица, кој го загуби со минимални 1:0 во Струмица со гол на Октај Амедов во 88. минута.
На овој пријателски меч “сините” играа со комбиниран состав, со шанса и за помладите фудбалери, а резултатот беше во втор план.
Брегалница игра фантастична пролет во Првата македонска фудбалска лига и не знае за пораз, а со тоа влегува во борба и за “виза” за Европа.
По завршувањето на репрезентативната пауза на домашен терен ќе игра со Тиквеш од Кавадарци.
Беласица по завршувањето на репрезентативната пауза ќе игра со Гостивар на домашен терен во рамки на 22. коло од ВМФЛ.