Штипјанката Дојчинова го направи првиот меѓународен трансфер во Хрватска, сега следува и подготовки со македонската репрезентација за настап на ЕП

Штипјанката Ива Дојчинова го направи својот прв меѓународен трансфер од следната година младата кошаркарка ќе го носи дресот на Задар Плус од Хрватска, каде ќе настапува во сениорскиот тим во Првата Премиер лига на Хрватска.

Дојчинова започнува со кошаркарката во 2014 година настапувајќи во машки клубови, пред да се формира женскиот кошаркарски клуб Тим Арена каде продолжува да настапува.

ИЗЈАВА 747G0828 Ива Дојчинова кошаркарка 02:03 (почеток) до 02:30 (мене)

Дојчинова со успешните настапи во клупскиот и репрезентативниот дрес го привлече вниманието на хрватскиот клуб кој ја договори штипјанката да настапува во нејзините редови.

Новиот клуб на Дојчинова митата година влегов во Првата Премиер лига, а Дојчинова се надева дека ќе достигнат голем успех.

Младата Дојчинова сега е со фокусот на ЕП до 18 години кое ќе се одржува во Романија, за што веќе започнуваат и подготовките.

Дојчинова со новиот клуб од Хрватска има потпишано договор од една година со опција за продолжување на уште една година.

Дојчинова припремите со новиот клуб ќе ги започне на 15. август, додека пак новата сезона ќе започне во месец октомври.

Александар Ванев, М-Нет