Штипјанка добила шлаканица пред угостителски објект во Штип

На ден 18.09.2025 година во 00,11 часот по телефон во ЦУК-Штип се јавило лицето М. З род.1998 година ,а подоцна во 00,35 часот на пол.службеници С.Г и Ф.П им пришло лицето Л.Т. род.1978 година и пријавила физички напад.Имено на ден 18.09.2025 година околу 00,10 часот на ул.Др Слободан Јовановски пред УО настанала вербална расправија помеѓу пријавителката , Е.Т. и Р.Т од едната страна,а З.В Д.З од другата страна при што во еден момент Д.З и удрил шлаканица во пределот на лицето и ја фатил силно за раката пријавителката нанесувајќи и повреди констатирани во Клиничка Болница-Штип.