Штипјани ќе бараат бодови за опстанок во Велес – Мал Ајакс гостува кај Кеги Моби

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Вечерва во Куманово се отвара 12. коло во Првата футсал лига со мечот меѓу актуелниот шампион Форца и Шкупи, битка каде скопскиот тим ќе атакува на бодови и позитивен резултат во битката за опстанок во елитата.

Утре, на програмата ќе бидат два натпревари. Мал Ајакс ќе гостува во Велес каде ќе бара бодови за опстанок против екипата на Кеги Моби. Штипјани водат тешка битка за опстанок како повратници во елитата, а фаворитската улога ќе ја има велешкиот тим.

Јувентус Серава на домашен терен ќе игра против тимот на Клими од Кавадарци.

Во недела се игра мечот меѓу дебитантот Балкан, кој исто така води битка за опстанок во елитата против непоразениот лидер Проект, трите бодови на овој меч за Балкан се од капитална важност, а гостинот кој веќе ита кон титулата е фаворит.

Колото се затвара дури во понеделник со мечот меѓу Бутел и Осогово од Крива Паланка, натпревар каде домашниот тим е голем фаворит, а пак гостинот има силен притисок да дојде до триумф во битката за опстанок. Ланскиот финалист во Купот на Македонија не игра според посакуваното и со тоа е во долниот дел од табелата каде го очекува исклучително тешка борба за опстанок, па секој бод од секој меч е важен.

Трката за опстанок ја водат дебитантот Балкан, Мал Ајакс од Штип, Шкупи и екипата на Осогово од Крива Паланка, како најзагрозени екипи.

Александар Ванев, М-Нет