Штипјани финансиски ќе бидат на нула ако цената на струјата се покачи за 27%

Штипјани ќе бидат на нула ако цената на струјата порасне за 27%, велат тие во анкетата која ја направи М-Нет Телевизија. Откако Регулаторна објави дека барањата на компаниите се цена повисока за 27%, граѓаните реагираат дека тоа во никој случај не смее да биде прифатено, зашто во тој случај би имале тешка зима.

Генерално, не ни очекуваат толку да поскапе. Повеќето велат дека поскапувањето ќе биде од 5 до 10%, но тоа не значи дека така ќе биде нешто подобро. Зад камерата неколкумина реагираа и за потставката „пристап до мрежа“, за која Регулаторна уверува дека не е екстра давачка и екстра пари. Граѓаните посочуваат дека, генерално, ќе имаме тешка зима, и тоа зашто и понатаму имаме ниски примања, плати и пензии.

За пристап до мрежата за електрична енергија сопствениците на викендици, станови и куќи кои не ги користат ќе плаќаат месечно околу 200 денари. Оваа давачка ќе важи од јануари, а има за цел да ги намали трошоците на домаќинствата за мрежарина. До крајот на следната недела ќе се прават пресметките и за ценанта на струјата, па одлуката ќе биде соопштена најдоцна до 22 декември.

Ребека Спасова М-Нет